Loading Video...
Фудбал
25. September 2021 - 17:03

Милан се изнамачи да ја победи Специја

Екипата на Милан се изнамачи да оствари победа над Специа во воведниот меч од 6.коло на италијанската Серија А. 
 
Откако првиот дел заврши без голови по само три минути игра во второто полувреме, гостите од Милано дојдоа до водство. Се играше 48-та минута, во која по акцијата на Калулу, на востинското место се најде Даниеле Малдини за водство на Милан од 1-0. 
 
Во 80-тата бминута Даниеле Верде по соло акција и со помош на гостинската одбрана успеја да го израмни резултатот, но неговиот тим не успеја да избегне нов пораз. 
 
Имено 22-годишниот Шпанец, Брахим Дијаз кој влезе во игра во 82-та, само пет минути подоцна се запиша во листата на стрелците и му донесе победа на Милан од 2-1. 
 
Со трите освоени бодови Милан се проби на првата позиција на табелата со еден бопд повеќе од Наполи кој утревечер го пречекува Каљари во меч од ова коло.