Фудбал
2. March 2016 - 19:39

Милан прв финалист во Купот на Италија

Екипата на Милан е првата која обезбеди пласман во финалето на фудбалскиот Куп на Италија. „Росонерите“ синоќа пред својата публика славеа убедлива победа со 5:0 против Алесандрија во реванш натпреварот од полуфиналето и со вкупно 6:0 се пласираа во големото финале.

Два гола постигна Жереми Мендез (20 и 39.минута), по еднаш во листата на стрелците се запишаа Алесио Ромањоли (24) Роберто Сабато (автогол 80.минута) и Марио Балотели (89).

Кој ќе биде противник на Милан во борбата за трофејот ќе дознаеме вечерва по реваншот меѓу Интер и Јувентус. На првиот дуел во Торино, Јувентус победи со 3:0.