Милан Јазбец: Северна Македонија заслужува почеток на преговорите сега, денес, во овој момент
Република Северна Македонија, сега, денес во овој момент заслужува почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави денеска во Битола словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец.
Словенија на претстојниот самит на Европскиот совет ќе даде директна поддршка за почеток на преговорите за зачленување на Северна Македонија во Унијата, а словенечкиот премиер Марјан Шарец тоа ќе го стори и следната седмица кога ќе престојува во земјава, најави амбасадорот Јазбец.
– Словенија е голем поддржувач на Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ и ние за две недели очекуваме зелено светло од Европскиот совет. Нашата поддршка уште еднаш како и многу пати досега ќе биде потврдена и следната седмица кога во официјална посета во Скопје ќе дојде словенечкиот премиер Шарец и тоа ќе биде средба во пресрет на Самитот. Ние уште еднаш ќе ја потврдиме словенечката поддршка, а на Самитот ќе пренесеме најсвежи информации и впечатоци за тоа колку во земјава е направено. Република Северна Македонија, сега, денес, во овој момент заслужува почеток на преговори и тоа повеќе од кога било досега, изјави Јазбец.
Амбасадорот Јазбец во Битола учествува на меѓународен симпозиум, каде нагласи дека Словенија со овој град ја врзува голема историја и традиција што датира уште од 1913 година.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората