Фудбал
21. November 2016 - 10:37

Милан испушти победа во миланското дерби

Милан и Интер одиграа без победник 2:2, во дербито Дела Мадонина. Мечот кој се одигра во рамките на 13.коло во Серија А го обележа двојниот стрелец за Милан, Сусо и Перишиќ со чии гол Интер израмни во 92.минута.
Милан беше поблиску до победата во 217-то дерби Дела Мадонина, два пати имаше предност, но не успеа да се одбрани.
 
Шпанскиот интернационалец Сусо постигна два убави гола во 43-та и 58-та минута. Интер првиот пат израмни преку Кандрева, која во 53-та минута од 22 метри упати вистински проектил во голот на Донарума, вториот пат стрелец беше Периш во 92.минута.
 
По 13 натпревари во Серија А Милан се наоѓа на делба на втората позиција со Рома, двата тима имаат по 26 бода, додека Интер е на скромното деветто место со 18 бодови. 
https://