Фудбал
18. January 2016 - 15:16

Милан го доби дербито против Фиорентина

 Фудбалерите на Милан го добија дербито против Фиорентина со кое беше комплетирано 20.коло на фудбалското првенство на Италија.
 
На натпреварот одигран синоќа на „Сан Сиро“ Милан ја победи Фиорентина со 2:0. Головите за „Росонерите“ ги постигнаа Карлос Бака уште во 4-минута, и Кевин Принц Боатенг на две минути до крајот (88). 
 
Со новите три бодови, Милан се искачи на шестата позиција на табелата, сега само два помалку од Рома која е петта. Фиорентина остана на четвртото место, но сегфа со шест бодови заостанувањед од лидерот Наполи.
 
На останатите натпревари од ова коло беа постигнати овие резултати:
Аталанта – Интер 1:1, 
Торино – Фрозиноне 4:2, 
Наполи – Сасуоло 3:1, 
Џенова – Палермо 4:0,
Карпи – Сампдорија 2:1, 
Болоња – Лацио 2:2, 
Рома – Верона 1:1 и 
Киево – Емполи 1:1.
 
Табела: Наполи 44, Јувентус 42, Интер 40, Фиорентина 38, Рома 35, Милан 32, Сасуоло 31, Емполи 31...