Свет
26. January 2016 - 9:53

Микл-Лајтнер: Шенген зоната е загрозена

Опстанокот на Шенген зоната на слободно движење без гранични контрола е сериозно загрозен, оцени синоќа министерската за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер.

Микл-Лајтнер, по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Амстердам, нагласи дека секој е свесен оти Шенген зоната е пред колапс и дека веднаш мора нешто да се промени. 

- Тоа дека Шенген зоната е загрозена и постои опасност таа да пропадне, е видливо од многу национални мерки што ги презмаат одделни држави-членки, како што тоа го прави и Австрија, истакна Микл-Лајтнер. 

Таа додаде дека земјите-членки на Шенген зоната потенцирале дека Грција мора под итно да дејствува, бидејќи ако не го направи тоа, се поголем борј држави ќе преземат национални мерки, а многу од нив ќе го следат примерот на Австрија, која воведе ограничувања за примеот на бегалци.