Македонија
19. January 2022 - 11:54

Мики Веселиноски го фати осветениот крст за Водици во Брвеница

Мики Веселиновски го фати осветениот крст на денешното традиционално празнување на Богојавление Водици во црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница.

-Заедно со протојереј Дарко Наумовски ослуживме празнична литургија, по што беше извршен водосвет и спуштање на крстот во базенот во црковниот двор, изјави старешината на храмот протојереј Ивица Спасеновски.

По светиот крст во базенот скокнаа вкупно деветмина учесници-Стефан Спасеноски, Лука Младеноски, Александар Ѓорѓевски, Мартин Стаматоски,Лазо Јанкулоски, Стефан Маркоски, Душко Михајлоски и Томислав Трпески.