Џет-Сет
29. August 2016 - 9:33

Мик Џегер ќе даде 2,5 милиони долари за неговото осмо дете

Легендарниот доајен на поп-културата, 73-годишниот Мик Џегер, ќе даде 2,5 милиони долари на 29-годишната балерина Мелон Хамрик која чека дете од него.

Пред еден месец се дозна дека таа е бремена од фронтменот на култната група „Ролинг стоунс".

Оваа сума ќе биде наменета за одгледување на неговото осмо дете.

Но парите балерината нема да добие наеднаш, туку Џегер ќе и дава по 15.000 долари секој месец до полнолетство на нивното дете.