Македонија
23. October 2018 - 19:21

Мијалков, Тодоров, Јанчев и Богданов реагираат на одлуките на ЦК

Сашо Мијалков со жалење ја примил одлуката на партискиот Централе комитет. Во реакцијата за Пресс24 тој вели дека останува верен на идеалите и постулатите на организацијата.

- Секое раководство го носело товарот да обезбеди модерна и просперитетна Република Македонија која ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Новото раководство ја носи одговорноста дали партијата ќе биде респектиран партнер во рамки европските народни партии или ќе заглави во изолација. вели Мијалков по одлуката за негово исклучување.

- Јас сум убеден дека синоќешната одлука не е исправна , но тоа нема да ме поколеба во мојата определба за натамошна поддршка на модерно, десноориентирано ВМРО ДПМНЕ, кое заедно со сите сестрински партии ќе ги брани интересите на Република Македонија во Европската Унија, порачува во реакцијата мијалков.

На фејсук се огласи и Никола Тодоров. Тој вели дека е тажен и разочаран, но не од предлогот за негово исклучување од партијата на која и го посветил животот и младоста зошто не можат да го исклучат од неговата партија.

- Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам. Затоа, сакам да им се заблагодарам што со овој чекор ме спасија од срамот да бидам дел од нивната секташка фракција. Мојата ВМРО-ДПМНЕ не е изолирана партија, мојата ВМРО-ДПМНЕ е европска, модерна, центар-десна политичка партија. И јас сум сеуште со срцето и душата во ВМРО-ДПМНЕ, пишува меѓу другото Тодоров.

Разрешениот потрпетседател Јанчев побара јавно извинување од Мицкоски и Николовски во спротивно најави приватни тужби за клевета и навреда.

- Различниот став и различното размислување во една нормална модерна партија треба да бидат прифатени, дискутирани и потоа заеднички да се најде вистинскиот пат, но тоа не е случај и со ВМРО-ДПМНЕ. Различните ставови во една партија и почитувањето на истите можат само да водат кон прогрес и плодна почва за развивање на дискусии и создавање на темели за партија која ќе се движи кон посветла иднина, напиша на фејсбук Митко Јанчев порачувајки дека продолжува гордо како Градоначалник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да дејствува во интерес на граѓаните.

На социјалните мрежи со свој став се јави и разрешениеот член на Извршнипот комитет Костадин Богданов.

- Моето политичко дејствување во раководоството на ВМРО ДПМНЕ беше со единствена цел: да изградиме модерна, демократска и европска партија која силно, со конкретни чекори ќе ја поддржи евроатлантската агенда на нашата држава. За жал, раководството на ВМРО ДПМНЕ е далеку, многу далеку од овој идеал. Искрено верувам дека еден ден во ВМРО ДПМНЕ ќе дојде раководство кое ќе ја сфати пораката од предците, и суштината на нивната револуционерна борба која ја празнуваме денес, напиша Богданов на фејсбук.