Македонија
26. December 2018 - 22:43

Мијалков, Камчев, Јанакиески и другите осомничени од СЈО излегуваат од притвор

Со одлука на судија од скопска единица, вечерва или најдоцна до утре од притвор ќе излезат Миле Јанaкиески, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други познати политички и бизнис личности кои во последните два месеци по барање на СЈО завршија во затворот „Скопје”, информира „Слободен печат“.

Роднините на притворените ја потврдуваат веста за „Слободен печат“ и велат дека очекуваат повик кога да ги пречекаат најмилите пред затворот.