Македонија
24. February 2021 - 17:13

Мијалков и даде нова енергија на опoзицијата, за едни случајот е циркус за други боливудско сценарио

Евтино боливудско сценарио, циркус, јавен срам. Опозицијата не бира зборови за вчерашниот развој на настаните во случајот Мијалков.
 
И за ВМРО-ДПМНЕ нема дилема дека постои соработка меѓу Заев и Мијалков. Прашуваат, како бегалец баран со меѓународна потерница добива куќен притвор
 
За случајот Мијалков Алијанса и Алтернатива веќе подготвиле интерпелација за Спасовски. Велат оваа влада мора да падне и јавно ги повикаа сите пратеници да му откажат доверба на Заев
 
Во СДСМ и денеска повторуваат дека мнозинството е стабилно и сите обиди на опозицијата ќе паднат во вода. За случајот Мијалков, велат покажал дека Македонија е правна држава
 
По два дена во бегство екс директорот на УБК Сашо Мијалков вчера сам се пријави во обвинителството по што доби домашен притвор.