Македонија
23. November 2018 - 20:44

Мијалков бара укинување на мерката притвор

Одбраната на поранениот директор на УБК Сашо Мијалков во жалба поднесена до Aпелациониот суд бара укинување на мерката притвор и враќање на претходно воведените мерки на претпазливост.

Тие се незадоволни што решението за притвор било донесено без да се сослушаат нивните и аргументите на Мијалков, посочувајки дека во решението никаде не е утврдено што прекршил обвинетиот за да му биде определен притвор.

Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот наведуваат дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно му била позната на обвинителството, а судот знаел за останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но не претставувале доволна основа за да не останат на сила изречените мерки на претпазливост.