-->
-->
Михајловиќ: Заеднички гранични премини се решение за долгите колони на границите
-->
Српската вицепремиерка и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ денеска изјави дека повторно ќе ја покрене иницијативата до земјите во регионот да се формираат заеднички гранични премини со цел да се забрза протокот на сообраќајот меѓу земјите.
– Имаме сериозен проблем со чекање на границите и во летниот и во зимскиот период, бидејќи има се повеќе автомобили кои минуваат низ Србија. Само на Коридорот 10 минатата година помина 55 милиони возила, за 20 милиони повеќе од 2014 година, а оваа година очекуваме да поминат 60 милиони возила низ Србија – изјави Михајловиќ.
Таа истакна дека така ќе биде со Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора, но дека проблемот се земјите членки на Европската унија.
– Ќе ја обновам иницијативата со властите на Хрватска и на Унгарија да договориме еден заеднички граничен премин со цел да се забрза протокот на стоки и луѓе и да се решат овие нефизички бариери – истакна Михајловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд