Балкан
8. April 2019 - 8:27

Мигрантите се повлекоа од камповите во северна Грција

Последните 60 мигранти кои останаа во камп во северна Грција, по тридневни судири со полицијата во кои учествуваа повеќе од 1.000 мигранти, ги напуштија своите позиции.

До судирите со полицијата дојде затоа што мигрантите поверувале во лажните вести на интернет дека се укинати забраните за патување во централна и северна Европа.

Меѓу 60 мигранти кои останаа на своите позиции, уапсени се неколкумина кои немале валидни документи. Останатите тргнале кон мигрантските кампови или станови во Грција.

Повеќето мигранти се од Сирија, Ирак и Авганистан.