Свет
24. October 2019 - 14:50

Мигрантите од камионот на смртта немаа шанси да преживеат: 39 лица умираа полека во ладилникот на пат кон Британија

Во ладилник и без воздух 39 мигранти немаа шанса да преживеат. Не можеа да се спасат и никој не можеше да ги слушне. Дејли Мејл пишува дека 38 возрасни лица и еден тинејџер се смрзнувале до смрт во „апсолутно ужасни“ услови додека на товарниот брод од Белгија се обидувале да стигнат до Велика Британија.

Наводно ладилникот во кој температурата била минус 25 степени Целзиусови ако работела, а се користела за превоз на кекси. Мигрантите во него биле најмалју 15 часа пред да ги пронајдат мртви во средата во Екекс, Но можно е во ладнилникот да биле и подолго време.

Полицијата и натаму го утврдува идентитетот  на мигрантите, како и од каде доше во Британија. Се работи за Кинези и една од претпоставките е дека групата мигранти се скрила во контејнерот во белгиското пристанипте. Контејнерот бил ставен на брод во вторникот од каде тргнал околу 14 часот.

Во вторникот вечерта контејнерот го дочекал Маурис 'Мо' Робинсон (25). Контејнерот го закачиле на неговиот камион и возачот од Северна Ирска го возел од пристаништето 35 минути. Во Екекс стигнал во средата околу 1.10 часот.

Набрзо по пристигнувањето, дежурните служби добиле повик за помош. Полицијата не кажа дали повикот го упатил Робинсон или некој друг.

Полицајците, само што стигнале, го уапсиле Робинсон под сомнение за убиство. Полицијата и натаму се обидува да утврди дали знаел дека мигрантите се во контејнерот.

Братот на Робинсон рекол за медиумите дека неговото семејство не се слушнало со него и незнаат што се случува. Рекол дека Мо живее со бремената девојка и дека чекаат близнаци. Камионот кој го возел наводно го изнајмил, а возилото има бугарски таблички.

Бугарските медиуми наведуваат како камионот во 2017 година го регистрирала неименувана жена од Ирска. Ден по регистрацијата камионот некој го извадил камионот од Бугарија и таму повеќе не се вратил.

Истражителите веруваат дека постои група на криумчари во Ирска кои се поврзани со други од градот Варна во Бугарија. Не се знае дали Робинсон бил дел од таа група ниту дали знаел дека криумчари мигранти.

Случајот во Есекс потсетува на трагедијата во Австрија кога во ладилник на австрискиот автопат во август 2015 година, во екот на мигрантската криза беа пронајдени мртви 71 мигранти. Беа тоа мигранти од Сирија, Ирак и Авганистан. Властите разоткрија мрежа за криумчарење на луѓе која ја водел Авганистанец на возраст од 30-тина година. Жртвите сакале да дојдат во Германија, а биле ставени во камионот во Унгарија, недалеку од границата со Србија.

Напикани само во 14 метри квадратни, се загушиле за помалку од 3 часа. Камионот е пронајден утредента напуштен на крајот на австрискиот автопат во близина на Парндорф, на унгарската граница. Унгарското правосудство ги осуди на доживотен затвор четворицата главни криумчари од таа мрежа.