Свет
29. July 2016 - 15:07

Мигрантите на српско-унгарската граница го прекинаа штрајкот

Мигрантите кои се наоѓаат на српската граница со Унгарија кај Хоргош, денеска го прекинаа шестдневниот штрајк.

Портпаролот на српскиот Комесаријат за бегалци и миграции, Иван Мишковиќ за Танјуг изјави дека еден број мигранти кои штрајкуваа ќе бидат распоредени по центрите и дека по нив ќе дојде автобус најмен од Комесаријатот.

Другите штрајкувачи ќе останат на граничниот премин Хоргош заедно со останатите мигранти.

- Се споминува бројка од околу стотина мигранти кои штрајкуваа, а и натаму е актуелен податокот дека граничните премини се наоѓаат околу 800 мигранти, нагласи Мишковиќ.