Македонија
13. May 2019 - 15:36

Мигранти пронајдени во Арачиново - возачот е приведен

На автопатот Скопје-Велес вчера околу 21:30 часот кај „Штипска Петља“, полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(54) од село Арачиново-Скопје. При контрола на возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти. Мигрантите и И.М. биле предадени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.