Свет
1. December 2019 - 11:14

Мигранти пронајдени на најбизарното место: На полицајците не им било јасно како ги пикнале тука

Шпанската полиција пронајде двајца мигранти во скриените оддели од автомобил кој ја преминувал границата меѓу Мароко и шпанскиот град Мелиља на северноафриканскиот брег.

Полицајците забележале дека возачот бил видно нервозен кога му рекле да го запре возилото. При прегледот на возилото имале што да видат.

Во автомобилот со марокански регистрации пронајдени се маж и жена, на кои потоа им била пружена медицинска помош поради отровните гасови.

Жената била стуткана меѓу задното седиште и багажникот, а мажаот меѓу инструмент-таблата и моторот.

Како што се дознава, тие се државјани на Гвинеја и двајцата имаат по 19 години.

Двајца Мароканци, возач и неговиот сопатник, се осомничени поради трговија со луѓе.