Македонија
20. September 2018 - 14:57

Мигранти кај Криволак останале без своите пари

Група непознати лица извршиле разбојништво над мигранти, државјани на Индија. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 08.00 часот во близина на село Криволак, неготинско, четири непознати лица извршиле разбојништво над четири лица – мигранти, државјани на Индија. Сторителите им одзеле 950 евра и четири мобилни телефони.

Во врска со настанот, а поради сомнение дека се извршители на разбојништвото, во Полициската станица Неготино биле приведени Р.М.(27) и Б.Е.(27), двајцата од село Криволак.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.