-->
-->
Мигранти кај Криволак останале без своите пари
-->
Група непознати лица извршиле разбојништво над мигранти, државјани на Индија. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 08.00 часот во близина на село Криволак, неготинско, четири непознати лица извршиле разбојништво над четири лица – мигранти, државјани на Индија. Сторителите им одзеле 950 евра и четири мобилни телефони.
Во врска со настанот, а поради сомнение дека се извршители на разбојништвото, во Полициската станица Неготино биле приведени Р.М.(27) и Б.Е.(27), двајцата од село Криволак.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација