Свет
8. April 2016 - 14:33

Мигрант силувал политичар: Веднаш по нападот е депортиран во својата земја!

Политичарот Карстен Нордал Хаукен од Норвешка бил силуван од мигрант од Сомалија, кој веднаш по нападот е депортиран во својата родна земја. Меѓутоа норвешкиот политичар  се чуствува виновен бидејќи не му е одобрен азил и тој е депортиран.
 
Пред да биде депортиран мигрантот, одслужил четири години затворска казна во Норвешка.
 
Храбриот политичар својата интимна исповест ја споделил со сите луѓе во документарен филм и објаснил дека мигрантот го нападнал поради преголема депресија, осаменост и изолираност.
 
 
Својата приказна Нордал ја раскажал во телевизиска емисија на норвешката телевизија НРК, под име "Јас против мене", а која за тема има психилошки предизвици и ментални заболувања.
 
Нордал Хаукен себе се опишува како млад член на Левата социјалистичка странка, феминист и антирасист.
 
Открил дека му требало многу време за да прифати дека е хетеросексуална машка жртва на силување и дека поради тоа често конзумирал алкохол и марихуана.