Мицотакис: Вакцинираме околу 5.000 граѓани дневно
Вакцинираме околу 5.000 сограѓани дневно и сигурен сум дека со ова темпо ќе се придржуваме до планот одреден од Комисијата за вакцинација и од Организацискиот комитет на операцијата „Слобода“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на синоќешниот редовен состанок за планот за вакцинација во земјата и изрази задоволство што вакцинацијата тече нормално, врз основа на планот, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис истакна дека на 20 јануари започнува вакцинацијата на населението, почнувајќи со ранливите категории, односно граѓаните над 85 годишна возраст, додека пак следниот понеделник ќе се отвори и платформата за закажување термин.
Додаде дека земјата, сепак, ја очекуваат тешки месеци, бидејќи „знаеме дека не може преку ноќ да се изгради ѕид на имунитет “.
-Ќе биде потребно време за да се вакцинира значителен процент од нашата популација. А, исто така, знаеме дека сè додека тоа не се случи, ќе мора многу внимателно да ги следиме мерките, како што ни укажуваат експертите, порача грчкиот премиер.
Паралелно на специјален сајт, што се ажурира секојдневно, граѓаните можат да го следат процесот на вакцинација и колку лица веќе се вакцинирале.
Според податоците, заклучно со вчера во 17.40 часот, првата доза од вакцината ја примиле 16.233 лица.
Вакцинацијата во Грција започна пред десет дена, на 27 декември, а до понеделник се вакцинираат здравствените работници и персоналот и згрижените во домовите за стари лица.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти