Мицотакис: Скопјаните веќе се повикуваат на македонскиот идентитет и јазик што им ги даде грчката Влада
Претседателот на грчката опозициска Нова демократија, говорејќи пред политичкиот комитет на партијата, упати обвинувања до грчката Влада дека на нашата земја и дала македонски јазик, македонски идентитет и НАТО пасош, со што Грција го изгубила најсилното дипломатско оружје од изминатите години.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кирјакос Мицотакис рече дека земјата веќе ги живее негативните завршени работи од Договорот од Преспа, за кои, тие, наврмено предупредиле.
- Денес, секој ден, Скопјаните веќе се повикуваат на македонскиот идентитет и македонскиот јазик што им беа дадени. Но, веќе го имаат и НАТО пасошот, оној кој господата Ципрас, Каменос и Коѕијас, побрзаа да им го дадат, лишувјќи ја земјата од најважното, најсуштинското, најефективното преговарачко оружје што го имаше. Дипломатското оружје што го искористија сите грчки влади во изминатите три децении. Националната линија од 27 години која беше крунисана од Костас Караманлис во 2008 во Букурешт и беше напуштена во рок од неколку недели, рече Мицотакис, пренесе МИА.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар