Македонија
21. March 2019 - 16:16

Мицотакис се пожали пред Европскиот парламент - Преспанскиот договор и го даде правото на соседната земја за придавката „македонски“

Лидерот на грчката опозиција пред Европскиот парламент  се пожали   дека преспанскиот договор наместо да решава, продуцира нови проблеми.  Зборувајки пред европските парламентарци, Мицоткаис уште еднаш повтрои дека признавањето на македонскиот јазик и нација е најголема грешка во грчката историја. Во обракањето тој се осврна користењето на трговскиот бренд македонија , прашање кое со преспнаскиот договор е оставено да го решат  бизнис заедниците на двете страни.

„ Идентитетот на македонските производи од Северна Грција денес е оспорен, бидејќи Договорот од Преспа, речиси ја даде на друг придавката „македонски“. Кога  нашите производи доаѓаат на саеми во странство , некои оспоруваат дека можат да се претстават како македонски. Ќе биде потребна голема битка за да можеме да ја корегираме создадената тешка ситуација и да го одбраниме брендот Македонија .

И грчкиот министер за за инфраструктура и транспорт  Кристос Спирцис, признава дека  постојат одредени проблеми во практичната примена на преспаснкиот догвор. На прес конференцијата со македонскиот колега Сугаревски, тој потврди дека  Грција се уште не ги поставила патоказните табли со новото име Северна Македонија .

-Постојат меѓународни и европски прописи за таблите. Ќе се постави табла со името Северна Македонија. Таму каде што ќе треба да се покаже насоката кон некој град ќе остане таблата за тој град, а за тоа ќе се договорам со министерот. Но, сакам и нешто да коментирам. Кога таблите го покажуваат името на градот не може да го ставиме името на државата затоа што ќе има некои неубави впечатоци.

Министерот Спирцис  истакна дека преспанскот догвор има многу противници во Грција, така што таблитенајверојатно ке бидат уништени штом  ке бидат поставени.  Тој  беше категоричен дека името на солунскиот аердором Македонија нема да се смени.

Пред еден месец , македонските власти  ги сменија таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија, а уште пред една година беа променети имињата на аеродромот и автопатот Александар Велики.