Балкан
1. February 2019 - 10:57

Мицотакис предвидува парламентарни избори во Грција заедно со евроизборите во мај

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјанкос Мицотакис, на состанокот со новите партиски секретари рече дека неговата процена е дека на 26 мај, заедно со евроизборите ќе се одржат и парламентарни избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Пред нас имаме многу работа, имаме нешто повеќе од 100 дена до денот на изборите на 26 мај бидејќи знаеме со сигурност дека тогаш ќе се одржат избори. Мојата процена е дека ќе имаме и национални избори кои ќе се совпаднат со евроизборите, рече Мицотакис порачувајќи им на новите секретари на партијата дека пред нив имаат многу работа во сите области.