Балкан
18. October 2020 - 9:01

Мицотакис: Оградата на границата со Турција ќе биде готова до април

Новата ограда за спречување на мигранти на границата меѓу Грција и Турција ќе биде поставена до април, соопшти Кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Мицотакис ги посети местата во областа Еврос, североисточна Грција и изјави дека работите бргу напредуваат.

Грчката Влада вработува и дополнителни 400 граничари кои ќе бидат распоредени во Еврос и планира да ја зајакне веќе постојната гранична ограда долга десет километри.