Македонија
12. December 2018 - 16:19

Мицотакис го обвини Ципрас за пазарење со името во замена за пензиите

Коалициониот партнер на Ципрас, Каменос, денеска од грчко- македонската граница уште еднаш предупреди дека Атина нема да ја толерира иредентистичката политика на Скопје, која , како што кажа, инсистира на термините македонси народ и македонски јазик.

Грција сака мир со своите соседи и тие треба да разберат дека во нивен интерес е Грција да им биде пријател , но мора да сфатат дека дека се додека ја провоцираат Грција, додека имаат иридентистички тврдења, вратите на Грција ќе останат затворени“. А таа врата води кон Европа и кон западот. Тие треба да сфатат дека има само една Македонија и таа е грчка. Ова ќе биде нивниот пасош за просперитет.

Ваквите закани уследија по вчерашната парламентарна дебата, на која лидерот на НОва демократија јавно го обвини Ципрас дека го продал името македонија за  да нема кратење на пензиите.

Господине Ципрас, ќе ви го кажам она што меѓу себе го дискутираат веќе сите граѓани: Го разменивте скопското прашање за да го избегнете  намалувањето на пензиите.  Господин Заев слави, бидејки го доби она што ниту една поранешна власт во Грција го нема дадено, македонскиот јазик и идентитет.

.Портпаролот на грчката влада деенска го повика Мицотакис на одгворност за ова тврдење.

Ѕанакопулос  му порача на лидерот на Нова демократија, доколку смета дека „Договорот од Преспа е предавнички и производ на таква бедна размена, тогаш, уште сега да се обврзе дека ќе го поништи договорот, дури и да се изгласа од грчкиот парламент“.