Македонија
11. February 2019 - 16:27

Мицотакис ги засилува заканите со вето за македонскиот евроинтегративен пат

Грчката опозиција и по ратификацијата на Преспанскиот договоор не ја напушта реториката на блокади и закани кон Македонија. Лидерот на Нова демократија повторно предупреди дека во рацете има мокна алатка за казнување на  соседната земја  доколку, како што истакна, бидат повредени националните интереси на Грција.

Првото што ќе го направам и за кое јавно имам кажано е дека како следен премиер, доколку грчките граѓани ми дадат доверба, нема да го испуштам правото на Грција да стави вето на пристапниот процес на Скопје, доколку сметам дека не им служи на националните интереси. И на семиолошко ниво, реков дека фразата „му посакувам добредојде на македонскиот Премиер“ никогаш нема да ја слушнете од мене. Скопје треба да знае дека ќе се најдат соочено со Грција ако продолжат со однесување кое ги поткопува националните интереси, рече Мицотакис.

Мицотакис гледа  голем проблем и  во заштита на брендот македонски. Според него допрва ке се води  борба за заштита бизнисите и производите од Грција  кои ја имаат придавката македонски, и кои, вели тој,   се незаштитени.

Преспанскиот догворо е проблематичен и за рускиот амбасадор во Атина.  Маслов во интервјуто за Спутник порача дека  Русија како  постојана членка на Советот за безбедност има забелечки за легитимноста на договорот во Македонија

- Референдумот за името беше неуспешен. И покрај тоа, во процесот на ратификација се игнорираше волјата на најголемиот дел од населението на земјата. Русија како постојан член на Советот за безбедност на ОН – а и името секако е на агендата на Советот за безбедност од 1993 година – го нагласува фактот дека беа прекршени законските јасности на процесите за одобрување договорот вели Маслов.

Според рускиот амбасадор договорот од Преспа и брзиот прием на Македонија во НАТО  нема да придонесат кон стабилизација на регионот, туку напротив ширењето на Алијансата може да преставува фактор за дестабилзирање на Балканот.