-->
-->
Мицотакис ги повика министрите од владата и пратениците од Нова демократија да отстапат половина плата за борбата со Ковид-19
-->
Во една симболична иницијатива, ги повикувам сите пратеници на Нова демократија, како и министрите и замениците -министри во следните два месеци да достават 50 отсто од нивните плати за борбата со коронавирусот, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на неговиот официјален „Фејсбук“ профил.
Мицотакис вели дека политичкиот свет од земјата треба да биде во првите редови на солидарноста.
-Пред здравствената закана сите сме еднакви. Но, во борбата со неа, секој е должен да понуди според своите сили. Сигурен сум дека оваа опција ќе ја следат и другите партии, напиша грчкиот Премиер.
Средствата од платите ќе бидат ставени на специјална сметка наменета за Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците