Мицотaкис до Ципрас: Не ја спасивте Македонија, туку отстапивте македонска националност и јазик
Господине Ципрас, не ја спасивте Македонија, единствено што направивте е да им дадете македонска националност и јазик на соседите, му порача лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија на грчкиот премиер, кој во петокот од Солун рече дека „левицата не ја продава Македонија, туку со Договорот од Преспа го спасува културното и историското наследство на грчката Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Кирјакос Мицотакис, во обраќањето на крајот од тридневниот партиски конгрес, коментирајќи го говорот на Алексис Ципрас од Солун, рече дека ако грчкиот премиер бил малку повеќе запознаен со историјата на земјата и „со борбите што нашите предци ги водеа за Македонија да стане грчка и Грција она што е денес, немаше да оди во Солун за да ни каже дека СИРИЗА ја спаси Македонија“.
Лидерот на Нова демократија, уште еднаш повтори дека Нова демократија е против Договорот од Преспа.
-Господине Ципрас, слушнете ме добро: не ја спасивте Македонија, единствено што направивте е да им дадете македонска националност и јазик на нашите соседи. Единствено што направивте е да кажете „да“ таму каде што другите имаа храброст да кажат „не“. И го поставивте наспроти вас огромното мнозинство од општество за да обезбедите некои делчиња од вашиот уништен кредибилитет. Престанете веќе да ги навредувате Македонците и сите Грци. Престанете да го карактеризирате екстремен десничар и националист секој кој не се согласува со вашата политика. Повторно ќе кажам дека Нова демократија со сите сили е против националната отстапка од Договорот од Преспа, рече Мицотакис.
Ново на Сител
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште