Македонија
23. December 2017 - 16:31

Мицотакис бара оставки од Ципрас и Каменос поради спорот со името

Најголемата грчка опозициона партија Нова демократија бара од Владата на Ципрас  да излезе со единствена и јасна  позиција за името на северниот сосед.

Ако премироти неговиот министер за одбрана Каменос не можат да изградат заеднички став за важно национално прашање како што е името, тогаш нека си поднесат оставка, рече претседателот на партијата Кириакос Мицотакис во интервју за весникот То Вима.

Реакцијата на Мицотакис уследи откако помалиот коалиционен партнер во Владата ,  Каменос порача дека  неговата партија Независни Грци нема да се согласи со име кое ке го содржи зборот Македонија.

-Да ги потсетиме Ципрас и Каменос да престанат да се однесуват неодговорно. Тие се на власт и обврзани се да ги водат преговорите, а не опозицијата. Очекуваме од нив , ако се уште комуницираат меѓу себе, да излезат со заеднички став за името на северниот сосед, се вели во соопштението на Нова демократија.

Од кабинетот на Ципрас обвинувањата на Мицотакис ги оценија како несериозни.

Некои национални прашања не смеат да се разгледуваат од  тесно партиски позиции, се вели во соопштението од кабинетот. Ако имате јасен став за името, кажете го пред грчкиот народ, му порача Ципрас на Мицотакис преку официјално соопштение.