Македонија
21. March 2019 - 19:10

Мицковски во Брисел се сретна со претседателот на ЕПП Жозеф Дол

-Разговаравме и за политичкиот прогон, отсуството на реформи во Република Македонија, но и разговаравме и за ветувањето кое што претседателот на владата, господинот Зоран Заев го даде, дека доколку изгуби неговиот кандидат на претседателските избори таму некаде на есен ќе распише предвремени парламентарни избори. Го држиме за збор господинот Зоран Заев, бидејќи сигурно веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска ќе победат на претседателските избори, а со тоа ќе се исполни единствениот услов кој што себеси си го постави Зоран Заев, а тоа е доколку ги изгуби претседателските избори да распише предвремени парламентарни избори таму на есен. Предвремени парламентарни избори за Република Македонија ќе значат нова иднина, вистинска иднина, со вистински структурни реформи, не фингирани и лажни вести кои што овде ги испорачуваат во Брисел во рамките на Европската комисија, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.