Македонија
21. November 2019 - 16:54

Мицковски по средбата со Борисов: Неприфатливо е негирањето на македонскиот јазик и присвојувањето на Гоце Делчев

Бугарскиот премиер Борисов објави видео од вчерашната средба со Мицкоски на која инсистира да добие поддршка од најголемата опозициска партија за договорот за добрососедство помеѓу двете земји.

Видеото објавено на социјалните мрежи ги скара власта и опозицијата. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека на средбата со бугарскиот премиер разговарале за се што е добро за граѓаните на двете држави, но и за она за што не се согласуваат.

- Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодифициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев, вели Мицкоски.

По снимката која ја објави Борисов, СДСМ го обвини Мицкоски за лажен патриотизам.

- Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот. Кога лаже Мицкоски? Кога на прес конференции од белиот дворец и на средби со граѓани низ државата велеше дека Договорот е штетен и капитулантски? Или вчера излажа Мицкоски, во Загреб кога кажа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Договорот за добрососедство и тоа на бугарски јазик.

Кому сега ќе му се извини Мицкоски за неговите лажги со опашки? На граѓаните или на бугарскиот премиер Борисов?

Сето ова за лидерот на опозицијата е ширење на лажни вести.