Мицкоски: Заев спомнуваше жици и се колнеше па не се држеше до зборот, но да му помогнеме во одлуката за оставка
Јас кажував во моите говори дека волкот влакното го менува, ама не и карактерот. Навиканти сме на променливите позиции на Зоран Заев во изминативе 52 месеци откако е претседател на владата, но и претходно откако е активен во политиката, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Заев дека доколку во вториот круг го изгуби Скопје и поголемиот број од општини ќе си даде даде оставка.
Мицкоски одговараше на новинарски прашања за време на посетата на Битола, поточно на индустриската зона Жабени.
„Не би ме изненадило доколку по 31 октомври ја промени својата изјава, знаеме дека во минатото и жици се спомнуваа и се колнеше, но не држеше до кажаниот збор“, кажа Мицкоски.
Според него на 31 октомври народот ќе му помогне на Заев да донесе одлука.
„Она што мислам дека ќе се случи на 31 октомври е народот ќе му помогне да ја донесе вистинската одлука која ја кажа, а тоа е дека ако ги изгуби и изборите ќе се повелече. Па јас го повикувам народот тоа што го направи на 17 октомври да го направи и на 31 октомври и да му помогне на Зоран Заев да ја донесе вистинската одлука, бидејќи тоа е вистинска одлука за народот и за државата Македонија“, рече Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација