Македонија
24. September 2021 - 13:29

Мицкоски: Заев да им ја објасни изјавата за „бугарските фашисти“ на роднините на жртвите во Треблинка

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја оцени како шокантна изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на „бугарскиот фашистички окупатор“ од учебниците и спомениците.

Заев, рече Мицкоски, тоа нека им го каже на внуците, синовите и ќерките на луѓето кои своите животи ги загубија во Треблинка, уапсени и ставени во вагони од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

-Ним нека им објасни кои се тие што соработувале, а кои се тие што не соработувале. Шокантно. Ние не сме Талибанци да бришеме историски факти. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти и наместо да бараат да бришеме учебници, треба да дојдат и да му се извинат на овој народ, истакна Мицкоски пред состанокот со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија.