Мицкоски за осудените од 27-ми април: Не барам милост и амнестија, барам правда за осудените
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“, во врска со осудените од 27-ми април кажа:
„Јас ниту пред средбата, ниту на средбата, а ниту сега, не барам милост и амнестија, туку правда, исто како што имаше за случајот „Сопот“ или за „Монструм“. Доколку има нови докази, да има ново судење и обвинетите да докажат дека за она што се судени, нема докази. Меѓу обвинетите има полициско лице што е школувано да го брани уставниот поредок од своите средношколски денови, па сѐ до моментот кога е осуден и сега е во затвор. Ова лице кога почна судењето е ставено во куќен притвор. Обвинителството се жали и судот прифаќа притвор, без притоа да му даде можност на бранителот да објасни и да се жали. За овој процес му се нарушени човековите права и постои жалба пред ЕСЧП во Стразбур, која е прифатена, што значи дека има индиции дека му се повредени правата. И најверојатно, пресудата што ќе биде досудена, ќе биде во насока на тоа дека му се нарушени човековите права“, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација