Мицкоски за казните за непопишување: Ма какви казни, здравјето е најважно, остајте што збори Заев
Здравјето на граѓаните е најважно и со Устав загарантирано како неприкосновена физичка големина. Оставете Заев што збори, нека бидат слободни нема казни за пописот, здравјето никој не смее да им го загрози вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ.
Мицкоски истакна е подготвен да понесе одговорност за тоа што го зборува и додаде дека само имунизирани попишувачи смеат да влегуваат по домовите и ни на крај памет нема да дозволи да разговара со неимунизирани.
- Избирам живот, наместо да бидам заробеник на политичкиот договор Заев-Ахмети Граѓаните не смеат да бидат заложници на политичкиот договор Заев-Ахмети, јас го избирам здравјето на сметка на тој договор, и упатувам апел граѓаните да го изберат здравјето на смета на тој политички договор, потенцира Мицкоски.
Тој посочи дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се вакцинираат попишувачите и да се одложи пописот за да не се загрозува здравјето на граѓаните.
- ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и вели дека пописот треба да се одложи, таму за наесен септември месец, а ако е потребно да ги одложиме и локалните избори не менува ништо, а во меѓувреме да ги имунизираме попишувачите за кога граѓаните ќе разговараат со нив да не може да бидат преносители на зараза, нагласи Мицкоски
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите