Македонија
21. February 2019 - 19:08

Мицкоски вратен од ГОБ „8.Септември“: Не ми дозволија да го видам Јанакиески

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево беше во ГОБ „8-ми Септември“ за да го види Миле Јанакиески, кој беше донесен од истражниот затвор по денешниот инцидент. Но, на Мицкоски не му било дозволено да влезе во собата на Јанакиески.

-Не ми дозволија да го посетам Миле Јанакиески, никој не дојде да ни каже што се случува. 50 полициски сили имаше пред собата на Миле, чекавме директорот да добие насока од неговиот шеф Зоран Заев да ни каже, да ни го оправда ова. Докторот ни кажа дека Миле има телесни повреди по телото, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека случајот со тепачката во затворот ќе биде пријавен кај меѓународните фактори.

„Лудилото продолжува. Оваа криминална Влада го покажува вистинското лице. Денес се жртви Спире и Миле, а утре ке биде секој од вас. Ова е преседан, државата не успеа да ги заштити“, рече Мицкоски од пред болницата.