Македонија
22. September 2020 - 12:17

Мицкоски: Во среда протест против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија?

-Кога Луј Витон судството носи "трас-трас" одлуки кои ги диктира Заев.

-Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата.

-Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види.

-Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија.

-Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат.

-Кога судството го штити криминалот.

-Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово

-Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард.
Одговорот на сето ова е протест. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во среда во 18 и 30 часот да протестираат против неправда, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.