Мицкоски: Во Романија цела влада поднесоа оставка кога болница се запали, а Заев не убедува дека за 14-те живи изгорени кабелот е крив
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово пред граѓаните коментирајќи ја одлуката на Заев никој да не одговара за починатите 14-те живи луѓе праша дали е тоа европска вредност, додавајќи дека во Романија кога гори болница паѓа влада, додека кај нас власта убедува дека е виновен кабелот.
Епа во Романија земја членка на ЕУ кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки и не ги убедуваат граѓаните дека 14 луѓе како кај нас во болница во Тетово изгореа затоа што кабелот не чинеше, истакна Мицкоски.
Европска вредност ли е да сме најкорумпираната држава во Европа?
Европска вредност ли е половина милион граѓани да живеат со само 150 денари?
Европска вредност ли е криминалците наместо во затвор, да се на слики со премиерот и министерот за полиција, праша Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска