Македонија
7. October 2021 - 21:28

Мицкоски: Во Романија цела влада поднесоа оставка кога болница се запали, а Заев не убедува дека за 14-те живи изгорени кабелот е крив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Валандово пред граѓаните коментирајќи ја одлуката на Заев никој да не одговара за починатите 14-те живи луѓе  праша дали е тоа европска вредност, додавајќи дека во Романија кога гори болница паѓа влада, додека кај нас власта убедува дека е виновен кабелот.

Епа во Романија земја членка на ЕУ кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки и не ги убедуваат граѓаните дека 14 луѓе како кај нас во болница во Тетово изгореа затоа што кабелот не чинеше, истакна Мицкоски.

Европска вредност ли е да сме најкорумпираната држава во Европа?  
Европска вредност ли е половина милион граѓани да живеат со само 150 денари?
Европска вредност ли е криминалците наместо во затвор, да се на слики со премиерот и министерот за полиција, праша Мицкоски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ