Мицкоски во Охрид на средби со претставници на бизнис-заедницата, занаетчии, просветни работници од градот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на партиските теренски активности денеска посети неколку производствтени капацитети во Охрид, при што во разговорите со менаџментот на „ОДВ Електрик“ и „Екошпар“ презентираше дел од економските политики на партијата воочи предвремените парламентарни избори, меѓу кои враќање на рамниот данок и укинување на прогресивното оданочување.
– Стана збор и за царинските давачки што им се товар на економските субјекти, парафискалните давачки, процедурите, но истовремено разговараме и за најсериозниот проблем и предизвик на сите работодавачи, а тоа е недостигот квалитетна работна сила, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на техничкиот премиер Оливер Спасовски дека престојната предизборна кампања ќе биде една од највалканите, одговори правајќи паралела дека „диригентот налага како оркестарот ќе свири“.
– Доколку тој не е способен на тоа што се нафатил, а очигледно не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа, тогаш ќе имаме валкана кампања и да, подготвени сме да одговориме на тие валканици до крај. Така што тој предизвик го прифаќам и ќе одиме до крај, рече Мицкоски.
Тој го отфрли како неточни објавените информации дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се „ослободи“ од сите досегашни пратеници, како и оти Елизабета Канчевска-Милевска повторно ќе се враќа во партијата.
– По однос пратеничките листи на партијата за престојните избори Мицкоски рече дека истите наскоро ќе бидат познати, со тоа што прво ќе бидат објавени носителите на листите, некаде во перидот до 5 март, додека до 10 идниот месец ќе бидат објавени и пратеничките листи, така што јавноста ќе дознае кои од постојните пратеници ќе бидат дел од новиот парламентарен состав. Како што кажав и многупати во минатото, ќе има и многу нови лица што ќе се најдат на пратеничките листи, рече Мицкоски.
Инаку, попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе има средби и со просветните работници, занаетчиите, како и со партиското членство.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање