Мицкоски: Во образованието од власта создадоа политичко мочуриште каде експериментираат
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Неделен Брифинг“ каде што говореше и за образованието.
„Ние немаме веќе дуално образование, ние не знаеме дали за 10 години од денеска ќе имаме еден заварувач кој што знае како да заварува. И како ќе ги создадеме тие луѓе. Дали вие денеска сте слушнале за реформата во високото образование? Дали некој ја спомнал Шангајската листа? Дали некој спомнал за трудови со фактор на влијание, професори кои што добиле некој меѓународно признание за некој пронајдок, за нешто револуционерно? Апсолутно, се случува едно образовно мочуриште во кое што ние полека, полека тонеме, пропаѓаме“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека денес не се зборува за првите 1.000 на Шангајска листа, ниту за другите 2.000 на истата листа.
„Ние денеска не зборуваме за лаборатории, не зборуваме за наставни помагала, не зборуваме буквално за никакви реформи. Ова денеска што се обидуваат да ни го претстават како реформа во основното образование е политички потег. За да се ублажи процесот на преговори со нашиот источен сосед. Но, и тоа не е доволно излезе Каракачанов и им рече ако мислите дека вие предметот историја ќе го избришете од наставната програма и дека тоа ќе биде олеснување во процес на преговори, се лажете“, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека образованието во Македонија со СДСМ секојдневно тоне.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море