Мицкоски: Во Аеродром и Ѓорче Петров убедливо водиме, во Бутел победивме
Ова е победа на младите, старите, жените, атеистите, муслиманите, на буквално сите. Победи народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција на партијата.
Според него, ова е победа на хероите и денес се слуша гласот на промените.
Тој кажа дека партијата води во Македонски Брод, во Аеродром дека водат убедливо.
-Во Кисела Вода водиме 2:1, во Сопиште победивме во првиот круг, во Центар и Карпош ќе има втор круг, Бутел победивме, во Гази Баба ја завршивме работата во првиот круг, во Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Пехчево втор круг, Виница освоивме во прв круг, Кочани одиме во втор круг, победивме во Петровец, во Илинден исто така победивме, Свети Николе и Карбинци исто така во прв круг имаме победник. Велес исто така имаме наш градоначалник, се само дел од резултатите што ги соопшти Мицкоски на прес-конференција.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Сеуште нема конечен договор со Бугарија
-
Црвенковски: Договорот со Бугарија ја отвори пандорината кутија
-
СДСМ: Случајот „криминални парцели“ уште еден доказ за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои видео снимка како Ариф Асани влијае да се пушти напаѓачот во Чаир?
-
Се повеќе граѓани користат е-услуги
-
Кина и Русија ставија вето на новите санкции кон Северна Кореја
-
Капиталните инвестиции повторно настрадаа - што најмногу ќе се крати со ребалансот?
-
Пратенички прашања во Собранието