Македонија
14. May 2021 - 20:52

Мицкоски: Внимателно ја следиме состојбата во Израел, неприфатлив е ракетиран напад од Газа кон Израел

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша дека е неприфатлив ракетниот напад од Газа кон Израел.

„Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.

Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.

Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион.“ - напиша на својот фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.