Македонија
11. November 2018 - 16:35

Мицкоски: Власта врши политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ - партијата е подготвена за избори

ВМРО ДПМНЕ се наоѓа под тежок политички прогон, а тоа најдобро се гледа и од правосилната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, обвини лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Од Битола, каде што заедно со партиска делегација присуствуваше на чествувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ подготвена ќе го дочека следниот циклус избори1

Мицкоски и на лидерите на Европските народни партии им се пожалил за политичкиот прогон, но и побарал Македонија побрзо да стане членка на ЕУ.

Лидерот на најголемата опозициска партија посочи дека се надева дека многу скоро Македонија ќе ја добие заслужената шанса да биде дел од европското семејство, затоа што, како што рече, на крајот од денот, интерес на сите граѓани и на сите политичари е Македонија да успее