Мицкоски: Власта ги менува ставовите за цензусот, ние сме за отворени листи и поддржуваме помал изборен праг
ВМРО-ДПМНЕ имаше принципелна позиција дека важно е овие избори да бидат фер и демократски, да не ни се случува како што беше за парламентарните избори да има инстутционален поткуп, закани и притисоци врз граѓаните од страна на властодршците на СДСМ, менување на изборни правила во пет до дванаесет во интерес на власта на сметка на опозицијата и тоа беше суштински важно за нас и ние на преговорите во март тоа го постигнавме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со измените на Изборниот законик.
Мицкоски се осврна на моментот како власта ги менуваше ставовите во врска со отворените листи и со тоа дали да има цензус кога станува збор за независни листи.
„Имаше определени политички гимнастики од страна на власта и владеачките партии во делот на отворени листи. Помалите бараа, ВМРО-ДПМНЕ се сложи, па се предомислија, ВМРО-ДПМНЕ пак се сложи. Власта побара да се зголеми прагот на оние листи на кои им се потребни да истакнат кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ се согласи со цел да има за фер и демократски избори. Потоа помалите коалициски партнери ретерираа и ВМРО-ДПМНЕ изрази разбирање и ставот беше нека се договарт во владината коалиција и вчера го слушам Заев вика ретерираат од два проценти и се враќаат на еден, еве и тоа го прифаќаме. Еве прифаќаме и да нема проценти само нека има фер и демократски избори, да нема злоупотреби, закани, уцени“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека од партијата не сакаат да гледаат институционннален поткуп и притисоци врз граѓаните како што веќе се случува во Шуто Оризари делење на пакети брендирани од Светска банка и минситерството за труд и социјална политика се делат пакети на социјално ранливи категории под изговор милост милост за граѓаните.
„Се срамам кога гледам дека во и во 21 век се злоупотребуваат човековите права и тоа што се случува е обид во една голема изборна измама и пљачка ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави. Се што е во насока на фер и демократски избори ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати“, вели Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април