Мицкоски: Владата денес одржала седница на 159 точки, толку вкупно Заев оваа година не поминал
Во Тема на денот на Сител лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски покажа документ со кој информираше дека Владата денеска одржала тематска седница на која што имало 159 точки.
-Вкупно толку точки оваа година Заев не поминал. Одлучиле да направат брутален институционален поткуп и да доделат спротивно на Изборниот законик државна финансиска помош за 159 компании. Станува збор за неколку десетици милиони евра. На четири дена пред изборите. Зошто ако Заев, Ахмети, Груби се убедени дека победуваат им требаат советници да делат поткуп и им треба Владата да дели десетици милиони евра народни пари, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тоа нема така да помине, дека поткупот е кривично дело со минимум 5 години затворска казна и дека чекаат да добијат акти и да ги поднесат до ДКСК и до ДИК.
-Јас верувам во македонскиот народ и го повикувам да си ја одбрани својата иднина, затоа што Владата со граѓански пари, не со крадени затоа што крадените си ги делат кеш, тоа се пари од Буџетот на граѓаните. Граѓаните масовно да излезат и да гласаат и да не дозволат вакви ситни шибицари да им ја украдат иднината. Верувам дека ќе излезат и дека ќе ги казнат овие криминални измамнички политики. Верувам дека ќе победиме и верувам дека овие луѓе ќе одговараат за ова што го прават, заврши Мицкоски.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари