Мицкоски: Сочувство до семејствата на луѓето кои настрадаа во пожарот во ковид-бараките во Тетово
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција изрази сочувство во негово и во име на ВМРО-ДПМНЕ до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната ковид болница во Тетово.
- Дозволете во мое лично име но и повторно во името на ВМРО-ДПМНЕ да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на луѓето кои настрадаа во страотниот пожар во ковид-бараките во Тетово. Никогаш нема да можеме да ги заборавиме стравичните сцени. Нашите луѓе, нашите граѓани не смеат да го губат својот живот во објектите каде треба да се лекуваат и да се спасат, кажа Мицкоски.
Мицкоски истакна и дека животите на загинатите во пожарот во Тетово е одговорност на државата и оние кои го менаџираат здравствениот систем.
- Животите на тие луѓе, на пациентите, но и на нивните блиски кои загинаа во Тетово секогаш биле и секогаш ќе бидат одговорност на државата и тие коишто го менаџираат здраствениот систем, додава Мицкоски.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува