Македонија
16. December 2018 - 14:42

Мицкоски со порака од Велес: Македонија е вечна, а власта не е- народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Македонија е вечна, а власта не е, ова е пораката која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја пренесе пред насобраните граѓани на протестот во Велес.
 
-Да им порачаме-  Македонија е вечна, а власта не е. Повеќе од 19 месеци се централна влада во Македонија и повеќе од една година се локално раководство во најголемиот дел од градовите во Македонија. Но, за ова време има само црнила и темнина. Не ги исполнија ветувањата и не ги реализираа очекувањата, рече Мицкоски и додаде:
 
„Велеа живот ќе донесат, темнина и црнила донесоа и затоа одве од Велес ќе им порачам- Колку побрзо заминете, токлу побрзо ќе и` се раздени на Македонија, а тоа ќе го видите веќе на следните претседателски избори. Овој народ ќе ви врати на следните претседателски избори“.
 
Мицкоски ги повика граѓаните да застанат до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.